ФОТО/ВИДЕО: Судот искршен, повредени полицајци

Како што беше најавено на социјалните мрежи, денеска по петочната молитва голема група на граѓани, незадоволни од пресудата во случајот „Монструм“ тргнаа од пред Јаја Паша џамијата во Чаир кон скопскиот Кривичен суд.

Иако голем кордон на полицајци ја обезбедуваше групата на демонстранти, масата со албански знамиња и исламски обележја скандираше „Алах Акбар“ и „УЧК“ и ги каменуваше зградата на Судот и полицајците.

Вработени во судот велат дека фасадата е комплетно уништена, искршени се надворешните стакла, судниците и канцелариите се оштетени, а повредени се неколкумина полицајци.

Официјално од судот информираат дека при протестот скршени се неколку прозорци на зградата и нема повредени од вработените.

„ Вработените останаа на своите работни места и професионално си ги извршуваа своите работни задачи и покрај недоличното однесување на граѓаните кои излегоа на таканаречените мирни протести. За инцидентот е информирано Министерството за внатрешни работи, а материјалната штета дополнително ќе се проценува“, соопштуваат од Основен суд Сопје 1.

Полицијата со шок бомби во моментот ја растерува толпата кон Бит Пазар.

Според првичните информации најмалку двајца од демонстрантите се приведени од страна на полицијата.

Протестот првенствено беше најавен како мирен, беше организиран преку „Фејсбук“ и не беше пријавен во МВР.

protest2

protest3