Цените на нафтата стабилни над 71 долар, геополитичките тензии противтежа на производството во САД

Цените на нафтата на светските пазари во вторникот се стабилизираа на нивото над 71 долар за барел, балансирајќи меѓу геополитичките тензии кои може да го нарушат снабдувањето од Блискиот исток и зголеменото американско производство.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 71,46 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде што со барелот нафта се тргуваше по цена од 66,30 долари.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) претпладнето објави дека цената на барелот референтна кошница нејзина нафта во понеделникот изнесувала 68,41 долар, што значи дека била пониска за 88 центи отколку претходниот трговски ден.

Трговците објаснуваат дека нафтените пазари воопшто се поткрепени од ризикот од прекинот на снабдувањето, вклучително и можноста од ширење на блискоисточниот судир, како и можното повторно американско воведува санкции против Иран и намалување на производството во со криза погодената Венецуела.

„Имајќи ги предвид потенцијалните причини за нарушувањето во снабдувањето и само малубројните сигнали дека актуелните превирања на пазарот во догледно време може да се смират, трговците и натаму ја плаќаат премијата на геополитичкиот ризик. Цените на нафтата и натаму би требало да добиваат поддршка од купувањето (…) во најмала рака до рокот за нуклеарниот договор со Иран (12-ти мај – з.р.), а можеби и до крајот на 2018 година“, констатира во анкетата на Reuters Стивен Инес, од сингапурската брокерска куќа OANDA.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран што го потпишаа шесте светски сили најдоцна до 12-ти мај, доколку Конгресот и европските сојузници не помогнат во решавањето на прашањата кои тој ги смета за недостаток во спогодбата со склучување нова верзија на договорот. Доколку Вашингтон не го продолжи изземањето од санкциите, Иран може да се соочи со тешкотиите при извозот на нафта.

Противтежа на геополитичките напнатости претставува американското производство, коешто од средината на 2016 година скокнала за речиси четвртина, во најголем дел благодарејќи на производството на нафтата од шкрилци.

„На една страна е геополитиката, којашто ги поддржува цените, но мислам дека основните фактори не се така убедливи како што многумина мислат. Не велам дека цените на нафтата нема уште повеќе да порастат поради ситуацијата во Сирија, но сметам дека актуелниот скок базиран на геополитичките причини не може да се одржи доколку не резултира со вистинско нарушување во снабдувањето“, истакнува Тамаш Варга од „PMV Oil Associates“.