Чарли Шин размислува да се кандидира за претседател на САД

Актерот Чарли Шин сериозно размислува да се кандидира за председател на САД на следните избори во оваа земја.

Гостувајќи во емисијата „The Flipside With Michael Loftus“, овој актер зборуваше за своите политички амбиции.

– Спроведов анкета. Ги тестирав момчиња, мислам дека беа околу десетина. Во секое сценарио одговорот беше ист – сите би ме поддржале како кандидат за претседател, изјавил Шин и додаде дека за свој потпретседател би го именувал неговиот татко Мартин Шин.

Чарли нагласил дека изборните слогани би му биле вистина и транспарентност.

– Замислете на што би ни личеле дебатите. Мене би ме провоцирале, дека сум се дрогирал и дека сум бил со проститутки. Јас би им одговорил: „Да, и што сега“?, изјави Шин со насмевка.

Ако стане претседател на Америка, Чарли би ги вовел следните закони. Прво, сите би морале да се опуштат, а секое училиште би го чувале вооружени воени ветерани.

Да потсетиме, улогата на претседател на Америка не е непозната за Чарли Шин, со оглед на тоа што тој веќе глумеше претседател во филмот „Machete Kills“ на режисерот Роберт Родригез.