Чавков: Најдени се широка палета на фалсификувани документи за идентитет

Најдени се една широка палета на фалсификувани документи за идентитет, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков во коментар за откривањето на фабриката за изработка на лажни документи.

Како што рече Чавков, има индикации дека се работи за субјекти кои се познати не само на национално ниво. Нивните активности имаат и прекуграничен карактер, односно индикации дека се вклучени во транснационален криминал поврзан со фалсификување на документи.

Чавков: Најдени се широка палета на фалсификувани документи за идентитет
Чавков: Најдени се широка палета на фалсификувани документи за идентитет

Мојот прв коментар беше дека за да нема шпекулации потребно е да се преземат итни мерки и активности за да се расчисти прашањето дали овие лични документи се икористени за изборни цели. Со едноставни проверки во ДИК и статистика се даде одговор на ова прашање и се утврди дека дефинитивно тие лични карти не беа употребени во изборниот процес. Меѓутоа припадниците на МВР продолжија со своите активности и дадоа одговор на прашањето кој ги има фалсификувани. Не би сакал да прејудицирам со детали од истрагата која е во надлежност на ЈО, но останува прашањето зошто и дали фалсификуваните документи со лични податоци се употребени за други цели, вели Чавков.

Тој изрази уверување дека Јавното обвинителство заедно со Одделот за борба против  организиран криминал ќе спроведат темелна истрага и ќе ги расчистат сите аспекти на овие криминални активности.