Четири решенија за секс-проблеми

На почетокот на врската сексот е интересен и возбудлив, но со време се’ преминува во навика и се’ поретко го има. За нешто да промените на подобро потребен е труд од двете страни. Во тоа може да помогне пишуваање листа со добрите страни на вашиот сексуален живот , тврди познатата британска експертка за љубовни врски, Трејси Кокс.

Двајцата партнери треба да направат попис на пет до 10 работи кои сакаат да ги прават во креветот и ист таков попис со работите кои сакаат да ги пробаат. Потоа треба да се договирте што од наведеното ви звучи добро и би биле волни да го пробате.

Списокот треба да го обновувате на секои три до шест месеци , препорачува Кокс.

 Вие сакате романтичен секс, тој сака страст (или обратно)

Добриот сексуален живот значи разновидност во кревето и пробување на различни типови секс, од нежно водење љубов до страсно валкање меѓу чаршавите.

Ако партнерот сака различни работи, најдобро е да се договоритте да пробате различни работи секој пат. Така двете страни ќе биде задоволени, а можеби ќе откриете дека во нежното водење љубов уживате исто како и во излудувачкиот страсен секс.

Освен тоа, не треба да се плашите од договорениот секс иако тоа не звучи ни малку романтично, тој ќе го зголеми либидото.

Не се чувствувате удобно голи пред партнерот

Голем број жени не се чувствуваат удобно во својата кожа што може да ги кочи во сексуалниот живот. Ако се плашите да ги покажете своите облини, направете поволна атмосфера во собата и привремено скријте ги под пригушен светло. Во тоа помагаат и перниците. Тие истовремено ќе ги сокријат критичните точки, но и ќе овозможат поголемо уживање во сексот.

Сексуално занемарување

Разговорот за сексуалните проблеми не е пријатен поради што двојките често се избегнуваат. Меѓутоа, со тоа истите проблеми само се продлабочуваат. Изнесувањето на она што ве мачи е прв чекор кон подобрување на сексуалните живот. Во тоа може да помогне едноставна петминутна вежба. Најнапред треба да наместите тајмер на пет минути во текот на кои едниот партнер ќе говори што го мачи, а вториот само ќе слуша. Откако ќе поминат пет минути, ред на другиот партнер. Вежбата треба да се повтори се’ додека не сте во целост сигурни еден во друг. Потоа со заеднички сили тргнете во решавање на проблемите, додава Кокс.