Четири жртви во судир на воз и воено возило во Финска

Четири лица загинаа во четвртокот на југозападот од Финска во судир на воз и воено возило, соопшти локалната полиција.

„Четворица загинати и многу повредени во железничка несреќа“, напиша финската полиција на Twtter, во чија објава се додава дека загинал патник во возот кој се судрил со военото возило.

Вооружени сил на својата интернет страница истакнуваат дека несреќата се случи во 8 часот по локлано време, а во неа бил вклулен камионе со осум војници. „Тројца загинаа, а четворица се повредени“, додва финската војска.

Несреќата се случила во Расеппори, на крајниот југ од земјата. Военото возило учествувало во вежни, пушуваат локалните медиуми. Повредени се 11 лиа, кои се пренесени во две болници во регионот, јави финската новинска агенција STT.