Црна се смирува, состојбата во Пелагонија се стабилизира

Реката Црна се смирува, а нивото на водата во речното корито е спуштено за повеќе од осумдесеттина сантиметри и изнесува 3, 98 метри.

Од општина Новаци потврдуваат дека ситуација кај нив се стабилизира. Веќе во понеделник треба да се стави во функција патот Битола-Новаци на местото каде што беше откорнат.

Селото Новаци се уште нема технички исправна вода за пиење, а веќе неколку дена во општината пристигнуваат донации од сите страни на Македонија и од соседните држави.

Во општина Могила каде се поплавени четири села и понатаму стравуваат од наглото топење на снегот во Демир Хисар и од нови катастрофи.

Извор: еМагазин