Деканот на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ (УКЛО), Илија Тодоровски го поддржува воведувањето на државен испит на факултетите.
Тој вели дека концептот ќе го зајaкне квалитетот на високото образование.
-Сметам дека е потребно. Секако, се утврдува нивното знаење во определен дел од нивното студирање. Може да го зајакне квалитетот на нивните знаења и е критериум за евалуација, рече деканот за Курир.
Тој исто така смета дека е потребно професорите на универзитетите да пишуваат научни трудови
-Воопшто, треба да пишуваат трудови. Мора да имаат надворешна евалуација, меѓународни трудови во меѓународни списанија. И во тој контекст, врвот на сето тоа е и пишување на трудови со импакт фактор кои ја докажуваат својата вредност. Професорите треба да пишуваат трудови со импакт фактор, истакна Тодоровски.