На средбите беа договорени локациите и бројот на садници кои треба да бидат распределени по општините. По одржување на координативните состаноци во ЈП„Македонски Шуми“ се јави лице вработено во Општина Центар кое побара 120 садници да бидат распределени на Општина Центар и истото беше испочитувано од наша страна.
Оттука сметаме дека изјавата на Андреј Жерновски за некои медиуми е злонамерна, тенденциозна, не соодветствува со вистината и дадена е со цел за нарушување на угледот на ЈП„Македонски шуми“, стои во соопштението.