Ден посветен на жртвите на Холокаустот

Денес  во Кинотеката на Македонија  ќе биде одбележан Јон Хашоа – Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот.

Настанот е во организација на  ООУ „Петар Поп Арсов“ а ќе се одржи премиера на проекција на ученички филм, а ќе биде отворена и ликовната колонија на тема  „Минатото не може да се промени, но да не дозволиме да се повтори “ -Ана Франк.

На премиерата најавено е присуството на ученици од сите основни училишта на територија на општина Карпош.