Денес и утре сончево, од недела попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотрајни врнежи од дожд и снег.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во сабота времето ќе биде претежно сончево. Дневната температура ќе се движи од осум до 15 степени.

Од недела попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а наместа пообилни врнежи се очекуваат помеѓу недела и понеделник.