Денес пресуда за случајот „Тврдина 2“

Основенниот  суд Скопје 1 денес треба да ја објави одлуката за случајот „Твдрина 2“ во кој на поранешниот разузнавач Горан Грујевски и на уште шест службенички во УБК им се суди за уништување и палење на службени документи. Одлуката за овој случај е прва пресуда за обвиненијата кои ги подигна СЈО.

Обвинителството бара најстрога казна за Грујевски,  а за шесте службенички побара алтернативна мерка.

Одбраната од судот побара да ги ослободи обвинетите од кривична одговорност бидејќи, според адвокатите, делото за кое СЈО ги гони обвинетите во „Тврдина 2“ не е кривично дело.