Македонија

Денеска е Светски ден на дијабетесот

Денеска е Светски ден на дијабетесот

Под мотото „Здрава исхрана и дијабетесот” денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на дијабетесот. Годинава активностите за одбележување на овој ден се насочени кон здравата исхрана и нејзината важност во спречување на дијабетесот ТИП 2 и ефикасно контролирање на дијабетесот за да се избегнат компликациите.

Во рамки на одбележувањето, ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје ќе организира бесплатни превентивни прегледи на пункт кој ќе биде поставен на плоштадот Македонија.

Медицинските екипи од ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, на граѓаните ќе измерат шеќер во крвта, крвен притисок, телесна тежина и висина и ќе им даваат совети за здрава исхрана.