понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 13

Десет причини зошто да читате

Понекогаш доволни се само десетина минути за да заборавите на секојдневието и да се впуштите во светот на книгите.

book

Последни вести

Книги, историски, љубовни, биографски, аватурскитчки, научнофантастични…тие биле и ќе биде нашиот најверен пријател и најмоќен учител.

Секоја нова книга е една нова приказна, нова порака, уште една нова поука…затоа, велат, читајте.

Научниците тврдат дека  додека луѓето читаат, развиваат различни стилови на размислување и на тој начин полесно го отвораат умот.

Истовремено, важно е да се напомене дека луѓето кои се љубители на книгите, се повеќе сочувствителни, односно имаат поголема способност да ги разберат чувствата на другите луѓе.

Понекогаш доволни се само десетина минути за да заборавите на секојдневието и да се впуштите во светот на книгите.

Еве десет одлични прични зошто треба почесто да се дружите со книгите:

Читањето е превенција за Алцхајмер. Откриено е дека старите луѓе кои читаат редовно имаат помали шанси да заболат од Алцхајмер.

Постојано учите нови работи и добивате информации.

Луѓето кои читаат се социјално активни и лесно се вклопуваат во секоја околина.

Го намалува стресот и го подобрува расположението.

Читањето е еден вид терапија.

Ја подобрува меморијата.

Читањето ве прави посекси, особено жените.

Го развива аналитичкото размислување.

Го збогатувате речникот и звучите далеку попаметни.

Читањето ви помага да се изразувате и пишувате подобро.

Со читањето станувате почувствителни , а докажано е дека луѓето кои читаат имаа подобра кариера и живот.

 

Најчитани вести