Детали за сообраќајката на патот Градско-Прилеп

Во сообраќајката која се случи денеска попладне на патот Градско-Прилеп се повредни осум лица.

До несреќата дошло кога се судриле два автобуси.

Увид на местото на несреќата извршија надлежен јавен обвинител и полициски службеници од СВР Велес.

Поради сообраќајната несреќа до 18:30 часот во прекин беше сообраќајот  на патот Градско-Прилеп, кај село Фариш.