среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Детали за убиството во скопско Грчец

Во убиството што утрово се случи во скопско Грчец убиен е жител на селото кој бил соптвеник на компанија што се занимава со увоз и извоз на месо, дознава Нетпрес.

pistol-500

Поврзани вести

Во убиството што утрово се случи во скопско Грчец убиен е жител на селото кој бил сопственик на компанија што се занимава со увоз и извоз на месо, дознава Нетпрес.

Убиениот бил во џип „Мерцедес“ заедно со уште двајца. Кон нив пукал нивен соселанец, за кого се претпоставува дека во моментот на убиството најверојатно во автомобилот бил заедно со уште едно или две лица.

Жителот на Грчец кој управувал со автомобилот веднаш им подлегнал на повредите и починал на лице место, совозачот бил тешко повреден, но на пат кон болница им подлегнал на повредите. Третото лице што се наоѓало во автомобилот на убиениот било застрелано во ногата и во моментов е задржано во болница на лекување.

Како што неофицијално дознаваме, убиениот од село Грчец е роднина на Арслан Нуиши, познат по прекарот Бос, што некогаш беше осомничен за атентатот врз претседателот Глигоров. Засега нема информации дека убиениот се занимавал со било какви криминални активности.

Како што дознава Нетпрес, најверојатно инцидентот настанал поради позната пејачка. Засега нема информации дека убиениот се занимавал со био какви криминални активности.

Најчитани вести