Девет години од независноста на Црна Гора

Црна Гора денеска одбележува девет години од својата независност.

На 21. мај 2006. година Црна Гора на референдум ја обнови државната независност.

Премиерот Мило Ѓукановиќ по тој повод изјави дека девет години подоцна државата е во непрекинат, постојан, мерлив и водлив напредок на внатрешен и меѓународен план.

Според официјалните резултати на референдумот  гласале 419.240 граѓани, односно 86,5 проценти од вкупниот број гласачи. Независноста на Црна Гора е поддржана од 55,5 проценти од граѓаните, додека за задржување во рамки на заедничка држава со Србија се изјасниле 44,5 проценти од гласачите.