Девојче во тетовско се обидело да се самоубие пред родителите

Шеснаесет годишно девојче во тетовско се обидело да се самоубие пред родителите.

Како што информира МВР, О.Ш. (62) од тетовско Џепчиште вчера вечерта пријавил дека неговата малолетна, 16-годишна ќерка се качила на балконот во поткровјето на нивната куќа со намера да се фрли, односно скокне и да се повреди.

За кусо време, испратени се полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, како и медицинска и противпожарна екипа, кои ја затекнале потпрена на балконската ограда.  Со ангажирање на полициските службеници, девојката набрзо е прифатена и внесена во внатрешноста на куќата, а потоа префрлена и задржана е во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

Според кажувањето на нејзините најблиски, таа подолго време се соочувала со психички растројства и се однесувала девијантно.