ДИК одлучи: Наумов нема право на вето за аукцијата на ДХВ

Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, нема право на вето по однос на аукцијата која Министерството за финансии ќе ја одржи утре.

Оваа е одлука на Државната изборна комисија.

Одлуката на ДИК е конечна. Тоа значи дека утрешната аукција на која треба да бидат запишани државни хартии од вредност во износ од околу 100 милиони евра ќе се одржи според планираното.