четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 37

Димовски: Изградба на нов мост и регионален пат во Зрновци

Димовски во Зрновци најави и отворање на детска градинка и изработка на урбанистички планови за проектите Купи куќа за млади и куќа за над 36 со кои ќе им се излезе во пресрет на сите граѓани.

dimovski1-2-640x360

Последни вести

Носителот на во ИЕ3, Илија Димовски денеска оствари средби со граѓаните од Општина Зрновци на кои ги презентираше проектите од новата изборна програма „Реално“, а кои ќе бидат од исклучително значење за сите граѓани од овој регион.

Во насока на подобрување на инфраструктурата носителот на ИЕ3, најави реконструкција на регионалниот пат Карбинци-Зрновци-Виница, како и реконструкција и изградба на локалните патишта с. Мородвис–Археолошки локалитет Црквиште и локалниот пат Зрновци–Грдовци.

dimovski

Тој исто така истакна дека ќе се изгради нов мост во Општина Зрновци на регионалниот пат Кочани-Зрновци, на местото на стариот кој беше оштетен од поплавите, а и ќе се промени секундарната водоводна мрежа во с. Зрновци.

dimovski1

Димовски во Зрновци најави и отворање на детска градинка и изработка на урбанистички планови за проектите Купи куќа за млади и куќа за над 36 со кои ќе им се излезе во пресрет на сите граѓани.

При посетата на населените места од Општина Зрновци тој го потенцираше и значењето на новиот проект „Рурални развојни зони“ кој ќе допринесе за развој и намалување на невработеноста во населените места Мородвис, Видовиште и Зрновци.

На средбите граѓаните истакна дека на 11 декември ќе гласаат за проекти и мерки, наместо за двојазичност и федерализација.

Најчитани вести