„Дипломатска одмазда“ – 14 земји ги повлекуваат амбасадорите од Венецуела

Четиринаесет земји собрани во Групата од Лима објавија дека ќе ги повлечат своите амбасадори од Венецуела.

Ова следи откако Николас Мадуро е реизбран за претседател на изборите чиј легитимитет овие земји не го признаваат.

Групата, која ги вклучува Аргентина, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија и Мексико, објави дека го намалува нивото на дипломатски односи со Венецуела во знак на протест против изборите кои не се во согласност со меѓународните стандарди на изборен процес, транспарентност и демократија.

На изборите кои се одржаа вчера, кој се критикувани од страна на меѓународната заедница и кои опозицијата ги смета за наместени, Мадуро е избран на нов шестгодишен мандат со 68 проценти од гласовите.

Групата од Лима ја повтори својата загриженост во врска со продлабочувањето на политичката, економската, социјалната и хуманитарна криза која го отежнува животот во Венецуела и се одразува со масовна миграција на Венецуеланците кон нивните земји.

Земјите потписнички имаат намера во првата половина на јуни да одржат состанок во Перу со службени лица задолжени за миграцијата, да разменат искуства и да најдат решение за тој проблем.

Тие, исто така треба да ги координираат активностите за да се осигураат меѓународните и регионалните финансиски организации да не ѝ даваат повеќе заеми на владата на Венецуела, сметајќи дека е „неуставно“ земјата да се задолжува без одобрение на народното собрание. Ова не би се однесувало на заеми наменети за финансирање на хуманитарна помош.

Венецуела, која обезбедува 96 проценти од приходите од нафтата, е погодена со падот на цената на нафтата од 2014 година, страда од недостаток на девизи и западната е во длабока криза.

Во последните пет години, БДП паднал 45 отсто спрема ММФ кој предвидува пад на бруто домашниот производ на Венецуела за 15 отсто во 2018 и инфлација од 13.800 отсто.