Дипломатски турнир во тенис

Дипломатите во Македoнија утре ќе играат тенис. Турнирот е во организација на Министерството за надворешни работи, а како што соопштуваат оттаму, учество во турнирот ќе земат претставници од дипломатско-конзуларните претставништва и странските мисии во Република Македонија, како и вработени во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.