Директорот на АВРМ на панел-дискусија во кампот на „Чуварите на демократијата“

Преку интерактивната панел дискусија „Моја Македонија, мои можности“, Чуварите на демократијата денеска имаа можност да се информираат за можностите за вработување, како и за сето она што е поврзано во процесот работник-работодавач. Дискусијата ја водеше директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.

-Денешната панел дискусија ќе биде во делот на отворање на работи места, можности кои ги имаат граѓаните во делот на преструктуирање на својата квалификација кон оние квалификација потребни на пазарот на трудот, значи начинот на доаѓање на рабното место и начинот на создавање на едно работно место. Тоа се битни фактори кои долг време во Република Македонија создаваа главоболки и кои во последно време почнуваме вистински да ги работиме со оваа Влада на Република Македонија. Голем број на странски инвеститори дојдоа во Република Македонија и дадоа работни места. Воедно се сменија и доста домашни инвеститори кои ги отворија своите капацитети, отворија работни места и вработија луѓе. Тоа се чувствува низ призмата на намалување на невработеноста во делот на доста нови отворени места, изјави за „Курир“ директорот на АВРМ, Влатко Поповски.

diksusija1

Поповски на панел дискусијата потсети дека до 2006 година, немале никакви политики за вработување, напротив имало тренд на отпуштања и до тогаш стапката на невработеност изнесувала 30% .

Наспроти тоа, нагласи дека денеска, имаме еден позитивен тренд на намалување на невработеноста, отворање на нови работни места, голем број на странски инвеститори кои што одлучуваат да инвестираат во Македонија.

– Се сменија многу закони со кои се овозможи подобар статус на вработените, но и на оние кои не се вработени и кои активно бараат работа, рече тој.

diskusija3

Попоски подвлече дека она што е најважно е искуството, кое секој еден од нас го добива во текот на животот и кое со сигурност се исплатува.

-Од многуте примери ќе издвојам еден пример, на млад човек кој започна како практикант во една фирма, а денеска е извршен генерален менаџер. Истата фирма започна со 80 вработени, за денеска бројката да се зголеми на 180 вработени, истакна Попоски.