Македонија,Економија

Добра вест за возачите: Поевтинуваат бензините и дизелот

Добра вест за возачите: Поевтинуваат бензините и дизелот

Добра вест за сите возачи доаѓа од Регулаторната комисија за енергетика, од каде што информираат дека бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за 1,50 денари за литар.

Од ноќеска на бензинските пумпи ќе се точи поевтин бензин за еден денар, додека дизелот ќе биде поевтин за 1,50 денари. Па така, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79 денариу за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 57,50 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе чини 68,50 денари за литар.  И цената на мазутот се намалува, па ќе изнесува 39,384 денари за килограм.