Два нови договори за инвестиции во два дена

Два дена и два договори за реализација на инвестиции. Договор за реализација на инвестиција на компанијата ОДВ Електрик ќе биде потпишан денес. На поптпишувањето на договорот најавено е и присуството на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

ОДВ Електрик инвестира во ТИРЗ Струга

Инаку компанијата ОДВ Електрик се одлучи да инвестира во струшката индустриска зона. До крајот на минатата година во фабриката имаше околу 100 вработувања, во новоизградената фабрика во ТИРЗ Струга планирано е да се вработат 1.000 луѓе.

Во јануари годинава компанијата објави дека е завршен првиот инвестициски цисклус на компанијата. Менаџерот на компанијата, Огнен Цубалески на  средбата со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески соопшти дека реализирањето на инвестијата на  „ОДВ-електрик“ тече според предвидената динамика.

ОДВ електрик го реализира првиот инвестиционен циклус
ОДВ електрик го реализира првиот инвестиционен циклус

Го реализиравме првиот инвестиционен циклус, вреден милион евра и на почетокот на годинава, во постојниот објект ја пуштивме првата линија за сериско производство, на која се ангажирани 25 работници. Според планот до април месец ќе  пуштиме во погон уште три линии и вкупно годинава ќе ангажираме 75 високо обучени работници, рече проект менаџерот Огнен Цубалески.

Тој додаде дека според плановите, нивната компанија идната година ќе почне со изградба на нов капацитет во технолошко – индустриската развојна зона меѓу Охрид и Струга. Според него етапно ќе се реализира вкупната инвестиција и ќе се вработат околу илјада работници.

Два договора за инвестиции во два дена

Потпишан договор за реализација на инвестиција и со компанијата Кранфилд Фаундри
Потпишан договор за реализација на инвестиција и со компанијата Кранфилд Фаундри

Инаку, во текот на вчерашниот ден беше потпишан договор за реализација на инвестиција и со компанијата Кранфилд Фаундри.

Компанијата Кранфилд Фаундри ќе вложи 15 милиони евра и ќе вработи околу 300 лица. Проектот ќе зафаќа површина од околу осум хектари, а ќе се состои од производствен погон и административна зграда на 15 илјади метри квадратни, а производството во новата леарница треба да почне за најдоцна една година.

Со оваа инвестиција во Пробиштип ќе биде изградена најсовремена леарница  на железо и алуминиум. Производи кои што практично се најпотребни во автомобилскиот сектор, а нивното доаѓање на македонскиот пазар се очекува да привлече нови инвеститори поради потребата од вакви производи.

Четири фабрики почнуваат изградба на објекти

Како што појасни премиерот Никола Груевски на почетокот на минатиот месец, во текот на овој период се очекува со изградба на сопствени капацитети да започнат фабриките КСС во Кичево, ОДВ Електрик во Охрид, Гентерм во Прилеп и Кондево во Штип.

Отворање на своите капацитети и почеток на производство во следниот период ќе имаат Дијатек во Индустриската зона во Скопје и Техникал текстајл во Штип.