вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 3

Издадени вкупно 301.086 потврди за азил на мигранти

migranti

Поврзани вести

Издадени се нови потврди на вкупно 666 мигранти, од кои 300 се од машки пол, 107 се од женски, 184 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 75 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 364, Авганистан 186 и на Ирак 116.

Во периодот од 19.06.2015 до 03.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 301.086 странски државјани, од кои 172.534 се од машки пол, 47.459 се од женски, 65.029 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16.064 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 177.494, потоа Авганистан 72.938, од Ирак 29.216, Иран 6.231, Пакистан 5.416, од Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.314, Конго 514,  од Алжир 453, Либан 434,  Нигерија 279, додека останатите се во помал број.

Во последното деноноќие до Секторот за азил поднесени се две барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на две полнолетни лица од Сирија и шест деца кои го придружуваат родителот.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот  за азил се поднесени 82 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчерашниот ден евидентирани се вкупно 16 баратели на азил, од кои петмина мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 12 баратели на азил (шест малолетни лица со придружба на старател, две малолетни лица без придружба на старател, тројца мажи и една жена) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови на Црвениот крст на Табановце укажале прва помош на 379 лица, а кај Гевгелија на 341 лице.

Најчитани вести