Дождливо време со температура до 25 степени

Времетo во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ-индексот ќе изнесува .

Температурата ќе се движи од 13 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд,  Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Температурата ќе достигне до 22 степени.

Од петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.