ДУИ со закана до СДСМ: Без закон за јазици ќе нема влада

Во опширна анализа весникот “Независен” пренесува пораки од ДУИ до СДСМ според кои без спроведувањe на Законот за јазици во првичната форма ќе се распадне владата.

Весникот пишува дека ДУИ не сака повеќе да разговара на оваа тема со СДСМ и дека бара Заев проблемот да го решава со лидерот на опозицијата Мицкоски.

Според дел од албанските интелектуалци наместо законот за јазиците партиите треба да го решаваат името како приоритет, пишува “Независен” во текстот.