Дуна Компјутери ќе му подари на град Скопје софтвер за планирање ресурси

Дуна Компјутери ја најави својата намера да му подари на Градот Скопје ERP (Enterprise Resource Planning)и BI (Business Inteligence)систем – софтвер за планирање на ресурси, со што на едно место би се интегрирале податоците од сите скопски Јавни претпријатија кои функционираат врз платформата на УЛТИМА софтверот.

pejkovski– По угледот на европските и на светските метрополи, воведувањето на BI и на ERP софтверот ќе овозможи консолидирање на сите информации на едно место, како и интегриран мониторинг и управување на процесите од едно местово Јавните претпријатија во Град Скопје. Затоа што, последните тенденции во овој дел од ИТ индустријата веќе не се ограничуваат само на автоматизацијата на домовите и компаниите, туку на целосна автоматизација и управување на цели градови, врз интегрирана платформа за планирање и менаџирање на процесите и на ресурсите. Намерата на Градот Скопје да му подариме еден ваков софтвер е само првичен чекор, како наш скромен придонес кон оптималмо менаџирање со ресусите на јавните претпријатија кои што раборат врз УЛТИМА софтверската платформа, изјави Александар Пајковски, Генерален менаџер на Дуна Компјутери.

Ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на Јавните претријатија

Како што истакнуваат од ДУНА, консолидирањето на податоците и интегрираното мониторирање на процесите од еден центар, ќе овозможи поквалитетен менаџмент на функционирањето, како и на планирањето на финансиите на градските Јавни претпријатија.

Сето ова, во крајна линија, како што потенцираат од Компанијата, би ја зголемило ефикасноста и ефективноста на Јавните претријатија во главниот град.

Пејковски напоменува дека од друга страна, еден ваков ERP и BI софтвер ќе му овозможи на Градот Скопје заштеда на големи финансиски средства кои што во иднина би имале намера да ги издвојуваат за парцијални набавки на разновидни софтвери за некои Јавни претпријатија.

Најавената донација на BI и ERP софтвер за Град Скопје наменет за Јавните претпријатија е во рамките на годишната програма за општествено полезни активности на Дуна Компјутери.

Јавни претпријатија во главниот град кои долги години функционираат врз УЛТИМА софтверската платформа се Водовод, Комунална хигиена, Паркови и зеленило и делумно, Паркинзи на Град Скопје.