Два вооружени грабежа синоќа во Скопје

Два вооружени грабежи се регистрирани во Скопје во понеделникот вечерта, во кој цели на крадците биле аптека и киоск, информираа од СВР Скопје

Вчера околу 20,40 часот улицата „Кемал Сејфула“, во аптека „Еурофарм“, откако непознато лице влегло во аптеката, со спреј-солзавец прснало кон лицето на вработената, по што со закана со пиштол извршило разбојништво, одземајќи го дневниот промет и напуштајќи го местото на настанот.

По речиси два часа, на булеварот „Кочо Рацин“, во строгиот центар на Скопје, во киоскот „Корнер“, непознато лице со закана со нож извршило разбојништво над вработената, одземајќи го дневниот промет, по што се дало во бегство.