Две лица починаа во Јапонија од топлотен удар

Две лица починаа, а повеќе од 480 се хоспитализирани во Јапонија во периодот од 11 до 17 мај поради топлотен удар, соопшти денеска Противпожарната дирекција на земјата, која ја извршува и функцијата на Министерство за вонредни состојби.

Минатата недела во многу делови од Јапонија температурата на воздухот достигна 30 степени.

Во земјата минатото лето бројот на хоспитализирани лица поради високите температури достигна 53 илјади лица, а  над 300 лица починале од топлотен удар.