Џихадисти му се казануваат на кошаркарскиот мундијал во Шпанија

Паралелно со организацијата за Светското првенство во кошарка кое ќе се одржи во Шпанија, во сенка сериозно се прават подготовки за евентуални терористички активности на џихадистите.
Министерството за внатрешни работи одредило голем број полицајци кои ќе се грижат за безбедноста на учесниците. Вклучени се и безбедносни служби, меѓу кои и ЦИА.

Според весникот „La Razon“ во центарот на вниманието на исламските екстремисти ќе бидат САД, Франција и Египет.

Шпанската полиција многу сериозно пристапува кон обезбедување на шампионатот. Како главна опасност е означен идеологот на Исламската држава, самонаречениот „калифа Ибрахим“, чие целосно име е Абу Бакр Ал Багхдади. Шпанскиот весник наведува дека Абу во своите редови има дури 2.000 европски платеници-авантуристи, кои за добар хонорар се подготвени да војуваат за било која идеологија. Пресметките се дека има по 300 англичани, Францизи и Германци, а во помал број има Скандинавци, Италијанци, Шпанци и други националности.