четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Џихадистите во Сирија со прирачници

Во текот на неодамнешната операција за ослободубвање на енклава што беше под опсада на терористите во северна Латакија, сириските војници открија копии на „прирачник за терористи“, јави „Спутник Арабик“.

133356174

Поврзани вести

Книгата е издадена во Турција и ги учи џихадистите на „правилно водење на борби на странска територија“ и употреба на нуклеарно оружје.

Прирачникот под наслов „Зад Ал-Муџахид“ (Водич за работа на божјите воини) е пишуван на арапски јазик, а објавен е во Истанбул од издавачката куќа „Гураба“.

– Книгата е полна со омраза и повикува на војна против луѓето кои не ја делат верата со џихадистите, а соджи и упатства што треба да се прави со непријателите и нивниот имот, изјави сириски војник кој ја прочитал книгата.

Тој наведе дека има и упатство како се спалуваат градовите освоени од џихадистите, потоа да „се исечат сите дрвја, да се уништи секоја трага на живот и да се убијат заробениците на правилен начин“.

Во прирачникот пишува и дека џихадистите имаат право да ги венчаат своите затвореници, а се спомнува и „можност за употреба на нуклеарно оружје“.

Книгата е забранета во Сирија поради „радикалната содржина и оти повикува на насилство и терор“.

Најчитани вести