Џон Кери паднал од велосипед и скршил нога

Државниот секретар на САД, Џон Кери, се повредил при пад од велосипед во францускиот департмент От Савоа на границата со Швајцарија и е хоспитализиран во Женева, објави МИА.

– Кери најверојатно скрши нога, но е во стабилна состојба – изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Карби.

Кери со медицински хеликоптер бил одведен до Женевската универзитетска болница.