Bирусот на Ебола бил испитуван и со него се правени обиди да се користи како биолошко оружје во тајните советски лаборатории, објави „Вашингтон пост“.
Истражувањата почнале со цел да се оцени неговиот потенцијал за создавање на биолошко оружје, а подоцна со него се правени обиди да му биде променет генетскиот код.
Овие потфати на советските научници претрпеле неуспех, откако налетал на природни пречки, кои го прави тешко модифицираната Ебола, открија американските научници.
За време на студиите во лабораториите во СССР имало два инциденти со Ебола. При првиот жена со посекотини се инфицирала, а во вториот случај лаборант фатил со вирусот заразени заморчиња и починал.
Интересот на Русите кон Ебола продолжил и 35 години подоцна а официјално програмата е завршена во 1991 година. Сепак таа продолжила во лаборатории на руското Министерство за одбрана, каде случувањата остануваат мистерија.