ЕБОР поддржува оддржлив развој на македонските државни патишта

Втората цел е во насока на регионалниот развој, затоа што патниот правец се наоѓа во источниот дел на Македонија и поврзува два поголеми градови во тој дел од Македонија, каде сеуште има значаен број на невработени лица и потребна е подобра поврзаност со цел да се олесни трговската размена и да им се овозможи на компаниите таму да ги лоцираат сопствените бизниси, а исто така и за да се зголеми и безбедноста во сообраќајот, рече Ставрески.

Новото финансирање на патната секција е прифатено од локалната зеадница, бидејќи ја зема во вид заштитата на околината од штетните влијанија. Со новопредложениот проект, двете ленти од патот ќе се задржат, должината на патот ќе се зголеми за 28 километри, а износот на вкупното финансирање ќе се зголеми за 21 милион евра.

Потпишан договор со ЕБОР за финансирање на експресниот пат Штип-Кочани
Потпишан договор со ЕБОР за финансирање на експресниот пат Штип-Кочани

Првичниот заем од 74 милиони евра кон Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), компанија одговорна за управување и одржување на државните и регионалните патишта, беше потпишан во ноември 2014. Проектот е креиран за реконструкција на двата дела од патот, помеѓу Штип и градот на исток во земјата Кочани, како и изградбата на патот помеѓу централните села Раец и Дреново.

Клучен елемент во инвестицијата е подобрување на безбедноста на патот. Покрај обезбедувањето на подобри патишта, проектот вклучува поддршка на градење на капацитетот на компанијата, вклучувајќи и безбедносна ревизија.