Еден убиен, еден повреден во престрелката во Чаир

Едно лице e убиено, а едно тешко повредено во престрелката која вечерва се случи во скопската населба Чаир. Според информациите, Л. Ќ., кој е тешко повреден, со возило на брза помош е пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски.

Престрелката се случила на улицата Лазо Трповски , до трговскиот центар Принц.

Неофицијално, се работи за престрелка меѓу две групи, а мотивот најверојано бил нерасчистени сметки поврзани со трговија на дрога. Екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.