Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.
Од нив, пет се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и пет пешаци.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 26 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со поголема брзина од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, 17 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни предавања во Централното осново училиште „Драга Стојановска“ во населеното место Ракотинци, како и во подрачните училишта во населените места Добри Дол, Чифлик и Света Петка.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Во сабота по повод верскиот празник Задушница се очекува прилив на поголем број на граѓани на гробиштата Бутел, Ѓорче Петров, Камник, Драчево и останатите со што интензитетот на сообраќајот на овие делови ќе биде зголемен. Од овие причини ќе биде зајакнато присуството на сообраќајната полиција со цел зголемена безбедност и проточност на сообраќајот.
Во недела со почеток во 18 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу екипите на МЗТ Аеродром и Цедевита, Република Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.