Единствена Македонија: СДСМ лаже дека невработеноста е намалена

Единствена Македонија преку соопштение реагира на објавите на СДСМ дека државата бележи раст на економијата и намалување на невработеноста, велат дека СДСМ лаже.
„Владата на СДСМ очигледно го губи компасот, бидејќи, на пример, мерката на владата за распоредување на 1.611 Албанци од ДУИ по државните институции, а кои досега седеа дома и земаа плата, не значи и зголемување на вработеноста, а во однос на платите, добро е од СДСМ да посочат некој сектор каде вработените веќе уживаат во повисоките плати“, се вели во соопштението.