Едно лице почина, а 600 се повредени во верска процесија

Волонтер на Црвениот крст на Филипините почина, а околу 600 лица се повредени во верска поцесија во Манила.

На процесијата имало речиси милион верници, што е вовед во посетата на папата Франциско следната недела.

Заменик-градоначалникот на Манила, Франциско Морено потврди дека еден волонтер на верскиот фестивал починал од срцев удар, а генералниот секретар на филипинскиот Црвен Крст, Гвен Панг додаде лекарите згрижиле околу 600 луѓе кои имале исеченици, модринки и вртоглавици.

Полицијата соопшти дека речиси еден милион луѓе се придружиле или го гледале верскиот фестивал при што голем број луѓе се туркаат да ја допрат статуата на црниот Исус. Овој фестивал секоја година се одржува на Филипини.

Папата Франциско ќе претстојува на Филипини од 15 до 19 јануари.