Едно лице загина во сообраќајка кај Македонски брод

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10.30 ч. на 3-от километар на регионалниот пат Македонски Брод –Кичево, кај местото викано Глана, животот го загуби 38-годишниот А.Г. од Македонски брод, објави Утрински.

Според СВР Битола, А.Г. кој што управувал со патничко моторно возило „Цитроен“, во кобниот миг, изгубил контрола врз возилото, кое што излетало од патот, удрило во дрво, а потоа е исфрлено во реката.

– Смртта настапила во моментот на несреќата. Поради непристапноста на теренот, телото на А.Г. е извлечено со помошна механизација, час по несреќата, соопштија од СВР Битола.

Докторите од службата за итна медицинска помош, само констатирале смрт.