Ефтов: Заев сака парламентарните и локалните избори да му се бројат како еден пораз

СДСМ и Зоран Заев не сакаат одложување на изборите, туку сакаат да нема избори, вели новинарот Васко Ефтов во изјава на Канал 5.

Тука има две варијанти. Првата е да биде избран технички премиер кој ќе има неограничен мандат, да се повтори таа ситуација со Борис Трајковски. Односно, целата оваа соросоидна  булумента да се налепи до тој технички премиер  и без избори да дојдат на власт. Втората варијанта е тие парламентарни избори да се одложат до редовниот термин или да се спроведат со локалните избори бидејќи Заев сака да има во исто ниво и време и парламентарни и локални избори, да му се бројат како еден пораз, рече Ефтов.

Новинарот вели дека анкетите му покажаа на Заев дека бомбите воопшто не придонесоа за зголемување на рејтингот на СДСМ.

Напротив, дури го намалија рејтингот на СДСМ. Ако направиме споредба со ланскиот референдум во општина Центар, таму беше јасно дека бомбите воопшто не го зголемуваат рејтингот на  опозицијата и дури апсурдно е дека ако лани беа одржани парламентарни избори, опозицијата ќе имаше подобар резултат, во споредба со ако се одржат сега, вели новинарот во изјава за Канал 5.