Факултетот за електротехника и информациски технологии, заедно со енергетските компании АД Електрани на Македонија, АД МЕПСО и ЕВН Македонија, денеска свечено ќе ги доделат најновите стипендии на најдобрите студенти на Факултетот.
Доделувањето на стипендии ќе се одржи со со почеток во 13 часот во Амфитеатарот на ФЕИТ.
На седмото доделување стипендии ќе се обратат професор д-р Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ, д-р Драган Миновски, претседател на Управен одбор и генерален директор на ЕЛЕМ, Сашо Василевски, претседател на Управен одбор и генерален директор на МЕПСО и Штефан Петер, претседател на Управен одбор на ЕВН.