Ердоган во посета на Тирана

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во среда ќе има официјална посета на Албанија, на која ќе има средби со претставниците на албанскиот државен врв.

Централна тема на разговорите ќе бидат билатералните односи помеѓу Анкара и Тирана, како и состојбите во регионот.

Албанските медиуми јавија дека турскиот претседател со своите домаќини ќе разговара за нови турски инвестиции во Албанија, за кои има интерес кај голем број на бизнисмени од Турција.