Ештон очекува деескалација на состојбата во Украина

Европската Унија продолжува да се надева на деескалација на состојбата во Украина, изјави денеска Кетрин Ештон, а пренесува ИТАР-ТАСС.

„Продолжуваме да очекуваме знаци на реална деескалација”, рече Ештон по пристигнувањето во Брисел на средбата  на министрите за надворешни работи на 28-те земји-членики на Унијата.

Министрите освен за дополнителните санкции против Русија, на средбата ќе разговараат и за ситуацијата во Украина.

Ештон додаде дека е охрабрена од резултатите во преговорите во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на ОБСЕ, Дидие Буркхалтер.

Буркхалтер, по преговорите изјави дека ќе предложи патокази за уредување на кризата меѓу четирите страни, потписнички на Женевскиот договор.