ЕУ го повика Иран на компромис

Франција и САД оценија денеска дека и натаму постојат значајни разлики во пристапот на иранската нуклеарна програма на преговорите на меѓународните посредници и Техеран, објави МИА.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, во меѓувреме го повика Иран на компромис и истакна оти Техеран мора да донесе „стратешка одлука“.

Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус изјави по разговорите со американскиот државен секретар Џон Кери на преговорите на посредничките „шестмина“ (Русија, САД, Франција, Велика Британија и Германија) со Техеран и натаму постојат „суштински разлики“.

Кери рече дека водечките држави од Западот имаат единствена позиција на разговорите со иранските претставници во Виена.

– Ние не разговараме за продолжување на рокот, ние преговараме да се обидеме и да добиеме договор- рече Кери