ЕУ ќе ја разглeдува оправданоста од санкциите кон Русија

На денешниот редовен состанок Комитетот на Постојани претставници на Европската унија (ЦОРЕПЕР) ќе ја разгледува оправданоста од понатамошното задржување на санкции кон Русија, јавува МИА.

– Ситуацијата во Украина и санкциите кон Русија денеска ќе бидат разгледувани, изјави неименуван извор од ЕУ.

Предвидено е амбасадорите на 28 земји-членки на ЕУ да разговараат како да се спроведе мировниот план за Украина, да се почитува прекин на огнот, да се разгледаат резултатите од парламентарните избори во Украина и улогата на Русија во решавање на кризата во источна Украина.

Амбасадорите ќе ја анализираат ситуацијата и ќе дадат препорака до Советот на министри за надворешни работи на ЕУ.