ЕУ воведува безвизен режим за Молдавија

Европската унија воведува безвизен режим за Молдавија од 28 Април. Ова го соопшти еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром, цитирана од „ИТАР-ТАСС“.

„На крајот на овој месец молдавските граѓани со биометриски пасоши веќе нема да имаат потреба од виза за краткорочни посети во земјите од Шенген зоната. Ова е големо достигнување и почеток на ново поглавје во нашите односи“, изјавила Малмстром.