ЕУРО 2016: Италија го елиминира европскиот шампион

Европа ќе добие нов фудбалски владател. Репрезентацијата на Италија го елиминира актуелниот европски првак Шпанија од ЕУРО 2016-та.
Во осминафиналето на Европското првенство во Франција, репрезентацијата на Италија беше подобра ОД бранителот на трофејот Шпанија совладувајќи го со 2:0, со што „Аѕурите’’ и се реваншираа на „црвената фурија“ за поразот на ЕП во Украина перд четири години.
На средбата одиграна во Париз, до победата Италија стигна со головите на Џорџо Киелини (33-минута) и Грацијано Пеле (90).
Со тоа Италија стана седмата репрезентација која обезбеди пласман во четвртфиналето на ЕП каде за противник ќе го има актуелниот светски првак Германија, а натпреварот ќе се игра во сабота (2 јули) во Бордо.