Евакуирани две населби во северна Грција поради поплави

Властите во областа Еврос во северна Грција, евакуираа две населени места по течението на реката Марица по интензивните врнежни, кои предизвикаа поплави во регионот.

Операцијата била преземена, откако насипите покрај коритото на Марица се урнале, што довело до поплавување на селото Лагина.

Властите превентивно ги евакуираа и жителите на Порос.